Велика Британија

Извештај за Пчеларството во ВБ за проектот на Еразмус Let Bee Project

1. Клима

1.1 Генерално климата во Велика Британија е ладна и е често облачно. Екстремни температури , без разлика дали се топли или ладни се ретки. Летата се генерално се ладни. Зимите не се особено ладни, но може да бидат многу влажни. Снегот е реткост. Во највлажните делови на Велика Британија може да падне дожд од 1500mm или поголема количина во годината, со оглед на тоа дека во најсушните паѓа само половина од оваа количина. Покрај влагата, со други климатски проблеми со кои се соочуваат пчелите е поради променливата природа на времето. Несезонските временски услови може да се случат во било кое време од годинината.Благите зими може да ги поттикнат пчелите да започнат со активности ,додека слабите лета сериозно може да го ограничат развојот на колонијата и складирањето на мед.
Следете ја географската положба и природата во Македонија, каде климата е медитеранска, во некои делови континентална, додека на високите планини со 2000 метри надморска височина климата е планинска.

2. Пчелна паша

2.1 Времето дозволува (види 1.1 погоре), во поголемиот дел од земјата, главната паша да се одвива во јуни и почетокот на јули, од цвеќиња како детелина (Trifolium spp) и капина (Rubus fructicosus). Во северниот дел на Англија и Шкотска, дрвенестиот врес (Caluna vulgaris) обезбедува паша во август. Медот од врес се смета за специјален производ и е високо ценет од страна на потрошувачите. Земјоделски култури, како што се маслодајна репка (Brassica napus) може да биде важен извор на мед во некои области во пролет, иако квалитетот на медот е лош. Најзначајното медно дрво припаѓа на групата од липите (Tilia spp), но протокот од нектар од ова дрво е многу променлив и, по многу години, ќе го снема. На есен, бршленот (Hedera helix) може да резултира со значителни количини на нектар кои можат да бидат од голема помош во обезбедувањето на складирање резерви за зимскиот период за пчелите.

3. Пчеларски организации

3.1 Има две главни организации за пчеларство во Велика Британија: Британската асоцијација на пчеларите ( “BBKA ‘) и Здружение на пчелари (” БФА“). Не може да се сметаат за органски или еколошки во нивниот пристап. Како резултат на тоа, пчеларите, кои се за повеќе еколошки пристапи често формираат свои локални групи за самопомош. Фондацијата за природно пчеларство нема бројно членство, но широко промовираат еколошки практики во пчеларството (“природно пчеларството”) и во Велика Британија и во странство.

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.