Што може да сториме?

Општини

Урбаните области сочинуваат над 40% од површината на Европа и се дом на околу три четвртини од населението на Европската унија. Постои пропорционална врска во воспоставувањето на пчеларско-пријателските градови и за опрашувачите, кои можат да најдат во градовите место на благосостојба, и за урбаните граѓани кои можат да уживаат во поздрава животна средина. Оваа иницијатива би претставувала поттик за економски развој, како и фантастична едукативна алатка за исхрана, одржливост и услуги со кои не снабдуваат опрашувачите. Исто така, има за цел да продолжи со напорите за воспоставување на рамнотежа  на земјоделскиот модел  со животот на оплодувачите.

 

Дејства поврзани со растенијата и цвеќињата во градовите

1. Да се вклучи и да се зголеми одгледувањето на широк спектар на растенија, кои се посетени од пчелите и други опрашувачи, во планирањето на зелените јавни површини (паркови и градини);

2. Овозможете со изборот на растенија-цвеќиња да се достапни во текот на целокупната сезона на опрашување;

3. Вклучување и зголемување на достапноста на производството на храна во урбаните средини (на пр. Урбани зеленчукови градини и слично), фаворизирање на производство на прехранбени производи со висок диетален бенефит, како што се овошјето и мешунките произведени со ниско влијание / и преку разновиден начин како што е органското земјоделство ;

4. Вклучете ја имплементацијата на одредени конкретни и симболични дејства во самиот град со цел да се подигне свеста кај граѓаните, како што е, на пример, создавањето на “пчелна градина” со нектариферни или ароматични растенија и можноста за демонстративни живеалишта ;

5. Што се однесува до поддршката на јавноста, можните кампањи што треба да се преземат би можеле да вклучат, на пример, распространување во дрвјата во населбите,во грмушките или мелничните тревни растенија интересни за пчелите и оплодувачите (изборот на видовите и сортите треба да се направи така што цветните растенија да ја опфатат целата пчелна сезона);

 

Дејства поврзани со контрола на штетници / трева / болест

1. Следете ги препораките предложени во програмата “Чисти градови без пестициди”, бидејќи се даваат јасни препораки за постепено намалување се додека не се потисне употребата на пестициди во градовите – http://www.pesticide-free-towns.info/methods-techniques;

2. Обрнете големо внимание на третманите направени на тревни и дрвенести растенија во градот, кои треба да се избегнуваат за време на цветањето и во присуство на создавање на смоласта материја;

3. Постепено се намалува,и доаѓа до сузбивање, на употребата на хербициди во справувањето со патиштата и јавните зелени површини. Алтернативите како рачно / механичко плевење може да се применат како алтернатива или, во случај да не е проблематично, да се разгледа отстранување на плевелот по цветањето бидејќи може да биде извор на хранливост;

4. Посветеност на забраната за било каков третман со пестициди на дрвја и тревни растенија, без разлика дали се украсни или природени, што може да биде штетно за пчелите. (Фитосанитарните третмани на дрвенести растенија, украсни и природени култури, пред да настане периодот на цветање, може да се вршат по природната елиминација или сушење на можната флора во основниот цвет);

5. Преземањето контрола вр комарците фокусирајќи се на превенција, механичка заштита (мрежи против комарци), репеленти и, доколку третманите се апсолутно неопходни, фокусирајќи се на интервенции насочени кон ларви врз основа на употреба на биолошки производи (на пр. Bacillus thurigiensisisraelensis);

 

Активности поврзани со едукација, култура и подигање на свеста

1. Да се промовира размислувањето и да се дебатира во Советот на општината и во локалната заедница преку вклучување на граѓаните и клучните засегнати страни во употребата на пестицидите во урбаните области (и приватни и јавни) и во земјоделството. Размислете за нив и за нивното влијание врз животната средина и врз здравјето, како и за потенцијалните стратегии за подобрување и заштита на територијата што оди преку обновување и усвојување на добри земјоделски практики фокусирани на одржливоста;

2. Промовирање на иницијативи за информирање и подигнување на јавната свест за вредноста на заедничките придобивки од пчеларството и праксата за заштита од опрашување, вклучувајќи ги особено училиштата и областа на референтната територија;

3. Информирајте ги соседите за можностите што ги имаат за избор на растенија за нивните приватни градини;

4. Да се подобри обуката на агентите задолжени за зелените површини и автопати за прашања како што се промоција на биолошката разновидност, еколошки одржливи практики и разумна употреба на фитосанитарни производи;

5. Промовирање и поддршка на иницијативи кои се приклучуваат на уметноста, образованието и / или подигнување на свеста преку организирање на:

a. «Прошетки во природа» во градовите што ги истакнуваат особините на биолошката разновидност во регионот, а особено пчелите. Образовни алатки може да се користат за водење на посетители;
б. дидактички информативни прошетки за граѓаните и училиштата преку споменици, симболи, грб што претставуваат пчелите, присутни на улиците, плоштадите, градините, фасадите на портите и зградите на градовите;
в. дидактички информативни активности кои вклучуваат откривање на слики, статуи и занаетчиски дела (вклучувајќи и литературни) во уметнички галерии, цркви, јавни и приватни згради, инспирирани од апикуларниот свет;
d. “Меден доручек” во јавни училишта или преку јавни кампањи како алатка за запознавање на локалната заедница (деца или возрасни) со концептите за заштита на животната средина, одржлива потрошувачка и здрава исхрана преку пчеларството (мед) и производите добиени од опрашување, на пр. овошје, мешунки, какао, итн, по можност произведени на одржлив начин и на локално ниво;
e. дидактичка информативна сесија користејќи ги пчелите и другите апоиди како дидактички алатки за објаснување за животната средина

 

Акции поврзани со социо-економски мерки

1. Поддршка на сопствената локална заедница за развој на пчеларството преку целата територија, како можност за приходи и социјална вклученост. Пчелите и пчеларството може да бидат алатка за социјална рехабилитација на затвореници, терапија за лицата со инвалидност, интеграција на мигранти итн;

2. Промовирање и поддршка на иницијативи за поддршка на пчеларството – настани, изложби, награди итн. – исто така во соработка со други општини; Активности поврзани со квалитетот на животната средина во урбаните области

3. Поддршка за мониторинг кампањи со користење на пчелите како био-индикатори на урбаните загадувачи.

Кајнак: Бисек 2017, ЕУ

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.