Македонија

Извештај за пчеларството во Македонија

1. Клима

Сo оглед на географската поставеност и релјефот на Република Македонија,
климата е делумно медитеранска и континентална, а на одредени планини кои се со врвови над 2000 метри н.м.в. има и планинска клима. Воглавно во централниот низински дел летата се многу топли со дневни температури кои редовно постигнуваат над 30 степени целзиусови а понекогаш и над 40. и со минимални количества дожд во најсушните региони од нешто повеќе од 250 мм, додека крајните источни и западни делови се планински и летата се со не толку високи температури и со малку поголеми количества врнежи. Зимите се во главно благи со повремени студени бранови кои носат ниски температури кои достигаат и до – 20 степени целзиусови. Во планинските предели снегот може да достигне висина и над 1 метар. Во Македонија во последно време се случуваат несезонски метеоролошки појави кои доста негативно се одразуваат на животот на пчелите. Големите суши и топлите ветришта рано напролет и во текот на летото предизвикуваат сушење на медоносната флора, така што послабите семејства, без интервенција од пчеларот, веќе редовно страдаат од глад.

Интересно е да се каже дека во најјужниот дел на Република Македонија, во долниот тек на течението на реката Вардар зимите се доста благи така што матиците најчесто не престануваат со полагање јајца во текот на зимата.

2. Медоносна паша

Во Република Македонија релјефните карактеристики условуваат главната ливадска паша да се случува во месеците мај и јуни (во пониските места) и во јуни и август во планинските делови, каде во месец август доколку се создадат услови се случува медење на дрвенестите видови кои продуцираат медлика, од која пчелите произведуваат темен шумски мед медликовец. Главната паша ја обезбедуваат видовите како детелината (Trifolium spp), граориците (вициа спп), мајчината душица (тимус спп), капината (Rubus fructicosus). Исто така од најважните дрвенести видови е белиот багрем Робиниа псеудоацациа, а во посушните делови како термофилна билка која дава мед со доста квалитетни својства е драката (палирус спиноса). Во планинските делови застапен е дабот Куеркус кој продуцира медлика на своите плодови и листови од кои пчелите произведуваат црн мед кој исто како и светлиот е доста ценет кај потрошувачите. Во некои делови се одгледуваат и маслена репа и сончоглед, но медот од нив не е ценет како погореспоментите.

Важно е да се напомене дека поради силно развиениот биодиверзитет на медоносната флора во Република Македонија 98 % од медот е полифлорен. Последните истражувања покажаа дека само 2 % од медот е монофлорен добиен од видот бел багрем Ribinia pseudoacacia. Овој мед е доста светол и има пријатен вкус и мирис, лесен е за консумација, што го прави доста баран од страна на купувачите.

3. Организации на пчелари

Во Република македонија постојат 24 пчеларски здуженија скоро во секој град од РМ кои делуваат на локално ниво. На национално ниво постојат 2 национални сојуза кои членуваат во поголема чадор организација наречена Федерација на Фармери на Република Македонија која пак ги обединува сите земјоделци од државата. Органските пчелари пак индивидуално се вклучени преку локалните здруженија на органски производители во Федерација на органските производители на РМ кај пак ги брани интересите исклучиво на органските производители.

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.