Холандија

Извештај за пчеларството во Холандија

1. Клима

       Медоносните пчели во Холандија живеат во умерена, приморска клима. Ова значи дека летата се ладни, а зимите се благи. Бидејќи Холандија е на линијата која ги дели западните воздушни струи од морето и источните воздушни струи кои доаѓаат од европското копно, временските услови во неа се многу променливи во сите сезони. Времето е многу непредвидливо ,со врнежи од  дожд во текот на целата година. Во просек врнежите се јавуваат во 7,6% од времето и тоа како врнежи од дожд, град, снег и магла. Подолу се дадени два долгорочни просеци кои даваат добар приказ на околностите во Холандија.

    Графиконот покажува соодветно: просечните највисоки; просечни најниски крајности; просечната температура, просечната количина на дожд и просечните сончеви часови во текот на секој месец.

Мапата ги покажува регионалните врнежи од дожд што, како што можете да видите, значително варираат во некои области. Иако имаме рамничарска земја, постојат некои значајни места кои имаат влијание на временските услови. Реките, езерата и шумите истo така играат голема улога, но и почвата во областа има влијание.

Овие долгорочни просеци даваат веродостоен и сигурен преглед на холандската клима. Но во зависност од главната насока на ветерот, било тоа да е во лето или зима, може да се случат екстремни отстапувања од просекот. Овие крајности претежно се со кратко трајни. Највисоката температура забележана во историјата на Холандија била 38,6 степени Целзиусови, а најниската температура -27,4 Целзиусови степени. (101.5 ° F, -17,3 ° F)

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.