Што може да сториме?

Пчелари

Сите пчелари ги сакаат своите пчели и ги чуваат безбедни и здрави. Но, не сите методи на интервенција се успешни или не се секогаш потребни. Особено во Турција, истражувачите и едукаторите за пчели укажуваат на тоа дека негативните ефекти од лошите техники на управување ги надминува бројните надворешни фактори. Па, ајде да погледнеме некои од промените што можеме да ги направиме за да го претвориме нашиот пчеларник повеќе наклонет кон пчелите и еколошко место.

 

  1. Избор на вистинскиот Екотип

Секој од видовите на еко пчели успева во рамките на своите елементи – клима, вегетација, географија и сл. Донесување на еко-тип пчели во област која е сосема поинаква од онаа каде што еволуирале пчелите значи преземање голем ризик. Колонијата тешко ќе се адаптира на својата нова средина и ќе биде подложна на штетници и болести. Ве молиме прочитајте овде за еко типови на пчели во Турција.

 

  1. Разновидност на кошници

Во повеќето места ширум светот, модерните (Langstroth) кошниците се користат поради својата форма која овозможува лесен пристап до секој дел од кошницата и поради нивната еднообразност. Современите кошници  имаат предности, но можеби е добра идеја да се има на ум дека традиционалните кошници може да имаат одредени предности во однос на модерните. Во Македонија, дури и во најсовремените пчеларници, пчеларите ги употребуваат традиционални кошници од слама. Пчеларите велат дека во потешките години, сламените кошници всушност функционираат подобро. Можете да прочитате повеќе за видовите на кошници тука 

 

  1. Да се ​​прихрануваат или да не се прихрануваат

Ова се тешки времиња за пчеларите. Дури и да ја направат вистинската работа, соседниот фармер може да употреби спреј против пестициди и да ги убие пчелите. Дури и ако ја одберете највисоката локација за пчелите, во близина може да се изгради нова фабрика или централа. Вароата е многу честа и ги прави колониите слаби. Климатските промени може да ве фатат неспремни. Со бројните пречки понекогаш вистинско чудо е за пчеларите да добијат мед од пчелните семејства. И кога ќе го добијат медот,голема е веројатноста да го употребат за потхранување на пчелите во зима.

Употребувањето на целиот мед и потхранувањето на пчелите во зима можеби е популарен метод, но тоа е против природата на колонијата. Но, кога тоа е неопходно, ова е најдобриот начин да го направите тоа:

Дури и за време на ладна зима, ќе има можност да се отвори кошницата за брзо додавање на храна. Еве неколку совети за зимско хранење на медните пчели.

Со што да не се прихрануваат:

  • Никогаш не ги прихранувајте пчелите со мед што доаѓа од непознат извор. Медот може да содржи болест, како што се Американскиот гнилец.
  • Никогаш не ги прихранувајте со шеќер со адитиви. Кафеавиот шеќер содржи меласа. Шеќерот во прав често содржи пченкарен скроб. Комерцијалниот фондан може да содржи ароми и / или бои. Било кој од оваа “екстра прихрана” може да предизвика пчелна дизентерија.
  • Иако многу комерцијални пчелари користат пченкарен сируп со фруктоза, бидете свесни дека може да содржи хидроксиметилфурфурален (HMF) – особено ако е стар или е затоплен. Хидроксиметилфурфурален (HMF) е отровен за пчелите.

Најдобра прихрана:

  • Ако немате дополнителен мед од сопствениот пчеларник за да ги прихраните пчелите, следното најдобро нешто е шеќерниот сируп направен од бел шеќер. Сирупот што се користи во есен и зима треба да биде во сооднос два дела шеќер во еден дел вода во завиност од тежината или количината.
  • Ако температурите во вашата област се под 10 ° C (50 ° F), најдобро е да користите фондан, шеќер или гранулиран шеќер, а не сируп.
  • Бидејќи белиот шеќер нема микронутриенти кои ги има во медот, можете да додадете стимулативно средство со есенцијални масла за да имаат дополнително прихранување пчелите.

Како да се прихранат:

  • Ако температурите се топли (над 10 ° C), можете да користите течна храна за во внатрешниот дел од кошницата, за пчелите да не треба да излегуваат надвор за да јадат. Исто така, можеби ќе сакате да додадете инхибитор-mould inhibitor
  • Ако температурите се ладни, можете да користите рамка, mountain camp rim или празен плиток супер наполнет со шеќерни колачи.

Кога да се прихранат:

  • Ако кошницата е чувствителна/лесна на есен, треба да започнете со прихранување со течен шеќерен сируп (2 шеќер во една дел вода) што е можно поскоро. Кога температурата ќе почне да се спушта под 10 ° C, преминете на еден од методите на ладно време.
  • Не е штетно да се употребува шеќер проактивно. Јас понекогаш ги прихранувам со шеќерни колачи и тоа веднаш штом времето ќе залади. На тој начин јадат и мед и шеќер истовремено во текот на зимата, а снабдувањето со мед трае подолго. Мислам дека ова е подобро отколку да се хранат само со мед, а потоа само шеќер, бидејќи медот ги содржи основните хранливи материи.
  • Во секој случај, проверете ги кошниците при повремени суви и сончеви денови. Поместете ги рамките со мед поблиску до ројот, ако е можно, или додадете храна ако е потребно. Не мислете дека сте “успеале” само затоа што температурите се затоплуваат во пролетта.

 

  1. Користете еколошки, пчелни и човечки настроени методи за борба против штетниците и болестите

Употребата на остри синтетички хемикалии во кошниците може потенцијално да ве наштети вам, на вашите пчели и остатокот да се најде во медот, наштетувајќи им на купувачите. Примената во вистинско време и со вистинската доза, еколошките методи можат да бидат исто толку ефикасни како и синтетичките пестициди. Проверете ги тука еколошките методи за борба против болести и штетници

 

  1. Стекнете се со сертификат за органско пчеларство

Во најширока смисла, органското сертифицирање значи дека методот на производство не е штетен за планетата или за луѓето. Исто така, се зема во предвид и благосостојбата на животните. Тоа можеби не е совршен начин за производство, но дефинитивно е чекор во вистинската насока.

Кликни тука за критериумите за органски пчеларство во Турција. Правилата можеби се различни од една земја до друга, но основните правила, како што се растојанијата од индустриски области, патишта, полиња, каде што се употребуват синтетички хемикалии итн., остануваат исти.

Bugday Association има 100% пазари на органски фармери каде што се продаваат само сертифицирани органски производи. Проверете тука за повеќе детали:
www.ekolojikpazarlar.org

 

  1. Започнете или приклучете се кон Заедниците за поддршка на земјоделството

Заедницата за поддршка на земјоделството ги поврзува производителот и потрошувачот, го отфрла средишниот човек. Тоа е најдобриот начин за потрошувачот да има пристап до храната  до која таа / тој може да и верува  со што производителот ќе добие фер удел за своите производи. Тоа е крајна добитна ситуација. Ако користите еколошки методи и немате CSA во вашата област, ве молиме погледнете го овој веб-сајт за започнување (за Турција):
www.gidatopluluklari.org

 

  1. Промена

Ако сте загрижени дека еколошкото пчеларство може да биде ризично, тогаш започнете со менување на само неколку кошници и набљудувате ги резултатите. Кога се чувствувате сигурни, можете да направите промена на целиот пчеларник во еколошко пчеларство.

 

  1. Комуницирајте со фармерите во вашата област

Дознајте дали / кога планираат да ги прскаат полињата и побарајте од нив да ве известат. Вие исто така може да сакате да разговарате со нив за префрлување кон пчелни методи бидејќи пчелите се добри за опрашување, а со тоа и бизнисот.

 

  1. Побарајте и интегрирајте ги традиционалните методи на вашиот пчеларник

На кој начин пчеларите во твојата област го вршат пчеларство? Дали постојат стари пчелари кои можат да ја споделат древната мудрост со вас? Побарајте и документирајте ги традиционалните пчелните методи во вашата област пред да исчезнат засекогаш.

Live and Let Bee 2017. Сите права се задржани.

Live and Let Bee
За проектот
Партнери
Еколошко пчеларство во земјите партнери
- Турција
- Македонија
- Велика Британија
- Холандија
Контакт

Животот на пчелите
Моменталната состојба на пчелите
Животот на пчелите

Еколошко пчеларство
Колонија
Видови на кошници
Ефекти од пестицидите
Болести и штетници
Одржлива употреба на пчелни производи

Што може да сториме?
Почетници
Хобисти
Пчелари
Потрошувачи и жители на градовите
Општини
Политичари

 

 

 

 

Финансирано од Еразмус+ програма на Европската Унија. Сепак, Европската Комисија и Турската Национална Агенција не се одговорни за информациите содржани овде.